Состојки:
1 лажица путер
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук, ситно мелено или рендано
1 цел кромид, ситно сечкан
3 цели големи моркови, излупени и ситно исечкани
половина корен целер
1 пашканат
2 лажици доматно пире
2 кг излупени домати (може и од конзерва)
2 л супа од зеленчукова или пилешка коцка
1 чаша вода
1 чаша црвено вино
половина чаша неутрална павлака
сол и пипер, по вкус
2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
2 лажици сечкан свеж босилек
свежо рендан пармезан
свеж босилек, за украсување
Приготвување:
Во големо тенџере загрејте ги путерот и маслото на средно висока температура и ставете ги кромидот, лукот, целерот, пашканатот и морковите. Промешајте и динстајте 5 минути. Додајте ја доматната паста и измешајте, динстајте уште 2-3 минути.
Додајте ги свежите (или конзервираните) домати со нивниот сок, супата, виното и водата. Промешајте и оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината, поклопете го тенџерето и динстајте 15-20 минути, ако имате време и подолго.
Извадете го пашканатот и изблендајте го останатиот дел од супата. Вратете го пашканатот во супата, додајте неутрална павлака, сол, пипер, магдонос и босилек и динстајте уште 5 минути.
Послужете ја супата со рендан пармезан и малку босилек.