Сакаме да укажеме дека актуелното загадување на амбиенталниот воздух со ПМ 10 и ПМ 2,5 – честички во комбинација со емисиите на канцерогени честички од изомери на НСН од депоните во кругот на ОХИС е „канцерогена бомба” која предизвикува малигни заболувања кај граѓаните на метрополата и пошироко.
Владата на РС Македонија во буџетот за 2025 година на Министерството за животна средина испланирала средства за довршување на малата депонија во ОХИС во висина од само 35 милиони денари ( 500.000 евра).
Затоа апелираме до пратениците да покажат висока свест и одговорност и со надпартиски консензус за добробит на здравјето на граѓаните, во делот на буџетот за 2025 да поднесат амандмани за обезбедување средства за целосен третман на оваа жешка точка.