понеделник, 21 октомври 2024

Дојче веле: Ќе се смрзнува ли Германија без рускиот гас?

Германците повеќе не се плашат од студена зима без рускиот гас. Пред една година владееше голема загриженост поради можниот недостиг од важниот енергенс, а Москва го разгоруваше тој страв со тврдењата дека Германија ќе се смрзнува без испораките на руски гас од Газпром. Рускиот државен концерн на крајот на август 2022 целосно прекина да испорачува природен гас во Германија, пишува Дојче веле.

Објавено на

часот

Сподели

Судејќи по резултатите на една актуелна анкета, само 14 отсто од анкетираните во Германија мислат дека за време на претстојната зима би можело да има проблеми со снабдувањето со енергија.

Германија е спремна за грејната сезона

Од другата страна, 64 отсто од Германците проценуваат дека земјата без поголеми проблеми ќе ја протурка зимата, и покрај фактот што ситуацијата околу снабдувањето со енергенси и понатаму е тешка. Истовремено, 18 отсто од анкетираните актуелната ситуација ја проценуваат како „многу опуштена“ и уверени се дека Германија без проблеми ќе го преброди студот. Тоа значи дека „четири од пет анкетирани лица сметаат дека Германија добро се подготвила за претстојната зима“, заклучува Сојузното здружение за енергетика и водостопанство (БДЕВ), кое го нарачало истражувањето.

„Благодарение на соработката на енергетското стопанство и политиката околу безбедноста на снабдувањето во изминатите година и пол, ние денес релативно оптимистично можеме да гледаме на ситуацијата поврзана со снабдувањето со енергија за време на зимата“, заклучува Керстин Андреа, главната директорка на БДЕВ.

Слично мисли и Клаус Милер, претседател на Сојузната мрежна агенција која во Германија е задолжена за снабдување со електрична енергија и гас (Будеснецагентур), кој досега беше прилично претпазлив во проценките. А сега на страната на агенцијата може да се прочита негова изјава во која тој вели: „Состојбата на почетокот на грејната сезона е значително подобра од минатата година“.

Милер притоа потсетува на состојбата со складиштата за гас во Германија. Тие се полни. Уште на 5 ноември нивото на исполнетост изнесувало 100 отсто. Шефот на сојузната агенција како причина за оптимизмот го навел и стабилниот увоз на енергија, односно заштедите остварени во земјата.

Што ако зимата биле многу студена?

Начелно Сојузната мрежна агенција смета дека опасноста од можна напната ситуација околу снабдувањето со гас во текот на зимата која би била нормална, односно со нормални временски услови, „во меѓувреме е мала“. Проблеми би можело да има во случај во текот на зимата да има многу ниски температури. Затоа актуелните сценарија се ограничуваат на „зима со изразени фази студено време и просечни дневни температури до минус 13 Целзиусови степени, забележани во зимата 2012 година“.

Еден од ризиците е тоа што поради (можниот) студ заштедата во Германија би можела да изнесува само десет отсто од просечната потрошувачка на гас во годините меѓу 2018 и 2021. Освен тоа се претпоставува дека Русија би можела да го сопре транзитот на гас преку Украина кон Европа, што би значело дека Германија ќе мора да го зголеми увозот од Австрија и југоисточна Европа. Се претпоставува и дека, поради можните ниски температури во Белгија и Холандија, од тие соседни земји би можело да се увезува помалку течен гас преку ЛНГ терминалите во тие две земји, бидејќи таму би пораснала потрошувачката за сопствените потреби.

Пресметките за тие две сценарија покажуваат дека Германија, дури и во случај целосно да се сопре транзитот на газ преку Украина, само во два случаи уште во февруари следната година би останала со празни складишта и привремен недостиг од гас. Првото сценарио би се остварило ако домаќинствата и индустријата воопшто не ја намалат потрошувачката на гас, а извозот на гас од Германија порасне. И второто, во случај да се намали количеството на увоз на ЛНГ-гас преку Белгија и Холандија, покрај двата наведени фактори.

Ситуацијата во која истовремено би се „поклопиле“ повеќето или сите три кризни фактори не може да се исклучи, но сепак се чини дека тоа е малку веројатно. Она што е особено интересно е фактот што ниедно од наведените сценарија не претпоставува дека на светскиот пазар би можело да има физички недостиг од ЛНГ-гас. Сојузната мрежна агенција, значи, проценува дека ЛНГ произведувачите во светот, дури и во услови на многу студена зима во Европа, ќе бидат во состојба да го покријат порастот на побарувачка за тој енергенс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ