понеделник, 18 ноември 2024
Сакал да го продаде

Директорот на ЈЗУ болница Кичево го украл апаратот за ехо даден како донација

Директорот на ЈЗУ општа болница Кичево, С.Т. (49) го украл апаратот за ехо кој му бил доверен како донација од Министерството за труд и социјална политика. Според МВР, тој сакал да го продаде, а овој апарат чинел над 2 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С. Т. (49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата. Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница- Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Миндрау (Mindray), кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари“, велат од МВР.

Пријавениот ехо-апаратот не го ставил во употреба во услови на ковид-пандемијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ