среда, 11 декември 2024
Животните се предадени на Агенцијата за одземен имот

Носел телиња во камион, а немал документи

На влез во Дебар при контрола на товарно возило со скопски таблички спречен е нелегален транспорт на животни без соодветна документација. Станува збор за 17 телиња на старост од осум до десет месеци со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, прилепско.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот.

Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните, информираа денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ