Македонија врза два натпревари без примен гол, а ако и утре не се затресе мрежата на Димитриевски за првпат ќе одиграме три меча во низа со празна мрежа.
„Со Шишковски кој играше во Ерменија разговараме за ерменските репрезентативци и подготвени сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработна со одбрамбените фудбалери на последните три меча и верувам дека и утре нема да примам гол. Сите натпревари се тешки, за сите се подготвувам на ист начин“, рече Димитриевски.