сабота, 19 октомври 2024

Детроит врза 25 порази по ред, фановите скандираа: Продајте го тимот (ВИДЕО)

Славниот Детроит пистонс е во неверојатно лоша форма, синоќа загубија на свој терен од Јута со 119-111 и го забележаа 25. пораз по ред оваа сезона.
 

Објавено на

часот

Сподели

Клубот кој има три шампионски титули и пет конференциски, ја живее една од своите најголеми кризи. Детроит нареди 25 порази во низа што е израмнување на нивниот негативен рекорд.

Синоќа одиграа рамноправен натпревар против Јута, но потклекнаа во финишот и го загубија мечот со 119-111.

Незадоволните фанови од тоа што се случува скандираа на трибините „Продајте го тимот“.

Рекордот од најмногу порази во низа на еден НБА тим го држи Филаделфија која има нанижано 28 загубени меча по ред, но во две сезони, од крајот на 2015-2016 до почетокот на 2016-2017 сезона. Детроит не е далеку од таа бројка.

Резултати:

Детроит – Јута 111-119

Кливленд – Њујорк 104-123

Чикаго – Сан Антонио 114-95

Мемфис – Индијана 116-103

Милвоки – Орландо 118-114

Оклахома – ЛА Клиперс 134-115

Минесота – ЛА Лејкерс 118-111

Портланд – Вашингтон 117-118

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ