сабота, 26 октомври 2024

Дете со нож повреди 19-годишник во Карпош

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т. , на возраст од 19 години од скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

„Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица – Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело“, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ