Вчера вечер во СВР Скопје, Л.Ш. од село Елово, скопско, пријавил дека околу 18 часот во автобус кој се движел од село Батинци кон Марков манастир, неговата малолетна ќерка била физички нападната од еден малолетник од селото.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Во исто време во СВР Скопје И.Л. пријавил дека во село Волково, скопско, бил физички нападнат од В.Л.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок
Завчера попладне во полициската станица Виница, било пријавено дека во село Истибања, виничко, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу В.С. од една страна и Љ.З. и О.З. од друга страна, сите од истото село.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.
Во средата три часа по полноќ во СВР Скопје А.М. од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.