петок, 18 октомври 2024

Депре на чекор до титулата на Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Марк Кома денеска тргна како лидер на претпоследната, 13. етапа, но грешката во навигацијата му одзеде речиси 14 минути, што го искористи ланскиот шампион Деспре за да се врати на првото место и со тоа да исчекори кон нова титула. На претпоследната етапа, која се возеше од Наске до Писке, победи Елдер Родригес, кој етапата од 375 километри ја мина за 3,21 часа. Зад него заврши Деспре со 47 секунди заостаток.

Пред утрешната, последна етапа, Деспре има 11 секунди повеќе од Кома, а последната етапа се вози од Писке до престолнината на Перу, Лима во должина од 283 километри и тешко е за очекување дека нешто ќе се смени во генералниот пласман.

Во категоријата кај автомобилите, Стефан Петерхансел не би требало да има проблеми да ја освои титулата, затоа што имаше над 12 минути предност пред конкуренцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ