Во Скопје, променливо облачно, магливо и претежно тивко.
Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната температура од 6 до 15 Целзиусови степени.