сабота, 19 октомври 2024

Денвер ја крена формата, Јокиќ стана рекордер (ВИДЕО)

По серијата лоши натпревари, Денвер влезе во форма откако синоќа го оствари шестиот триумф на последните седум натпревари, Јокиќ и соиграчите победија на гостувањето кај Бруклин со 122-117.
 

Објавено на

часот

Сподели

Најефикасен на мечот не беше Јокиќ, неговиот соиграч Џемал Мареј постигна 32 поени, српскиот кошаркар имаше еден поен помалку, но погледите и честитките одат на негова адреса.

Јокиќ имаше 11 скокови. Стана лидер по бројот на остварени скокови во историјата на Денвер. Тој сега има 6.631 прифатени топки и го помина Ден Ајсел кој безмалку четири децении беше најдобар во оваа категорија. Уште од минатата сезона Јокиќ е прв асистент во постоењето на Нагетс, а се наоѓа на четвртата позиција на листата на стрелци, зад Алекс Инглиш, Ден Ајсел и Кармело Ентони.

Во тимот на Бруклин, кој го претрпе петтиот пораз во низа, најдобри беа Томас со 18 и  Џонсон со 17 поени.

Резултати:

Филаделфија – Торонто 121-111

Бруклин – Денвер 117-122

Хјустон – Далас 122-96

Мајами – Атланта 122-113

Голден Стејт – Вашингтон 129-118

Сакраменто – Феникс 120-105

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ