петок, 8 ноември 2024
Во обраќањето пред Самитот ЕУ-Западен Балан во Брисел

Денот можеше да биде победнички со отворање на поглавјата, но опозицијата нѐ блокира, рече Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел кажал дека овој ден за Македонија можеше да е победнички, во кој земјата по успешниот скрининг успешно и брзо продолжува со отворање на поглавјата и евроинтеграцискиот процес, но како што додал, опозицијата е кочничар на евроинтеграцискиот процес, мислејќи на неизгласаните уставни измени.

Објавено на

часот

Сподели

На Самитот ЕУ-Западен Балкан на највисоко ниво се дискутираше за концептот на забрзана и постепена интеграција, за интегрирањето на регионот на единствениот пазар на ЕУ, билатералните односи меѓу земјите од регионот, како и реформските процеси на земјите од Западен Балкан.

н

Премиерот Ковачевски, како што соопштуваат од владината прес-служба, во своето излагање ја нагласил поддршката на Европската Унија која беше клучна минатата година во справување со енергетската криза, а за Македонија тоа беше и можност за градење побезбедна, посигурна и позелена енергетска иднина.  
 
На сесијата од Самитот на ЕУ и Западен Балкан, Ковачевски говрел дека партнерството на Македонија и ЕУ е двонасочна улица, без разлика дали се работи за  зелената агенда, миграцијата, дигитализацијата или друго.

Според Ковачевски, тоа е однос со партнер кој ние го вреднуваме и во кој веруваме, споделуваме вредности и сакаме да сме дел од заедничката иднина, велат од Владата.  

„Премиерот Ковачевски истакнал дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда. Успешното завршување на скрининг процесот за земјата, според претседателот на Владата е изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

Во таа насока, премиерот на Самитот посочил дека овој ден за Северна Македонија можеше да е победнички ден, во кој земјата по успешниот скрининг успешно и брзо продолжува со отворање на поглавјата и евроинтеграцискиот процес“, се нагласува во соопштението.

„Огромна е штетата што опозицијата во земјата е главен кочничар на европската иднина на државата. Граѓаните со денешниот ден и конкретно можат да се уверат дека со вакво анти-еу и анти нато позиции на опозиција, тие ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство“, вели Ковачевски.

Тој потенцирал дека и покрај блокадите од опозицијата, „оваа проевропска Влада, нема да отстапи од европскиот пат затоа што нашата единствена алтернатива е ЕУ“.

Воедно, премиерот истакнал дека очекува натамошна поддршка од европските лидери на трасираниот пат на Македонија кон Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ