Од партијата велат дека барањето го упатиле имајќи ја предвид изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека таа не била консултирана во врска со гласањето за резолуцијата за Сребреница од страна на македонскиот амбасадор во ООН.
„Како најголема организација на Македонци во дијаспората, која е судски регистрирана во Србија со 21 градски одбор и со 4.850 членови, бараме веднаш да се отповика амбасадорот во ООН, бидејќи гласал без консултации со претседателката на државата, загрозувајќи ги државните и национални интереси. Бараме да му се одземе агреманот што го дава претседателот на државата и да се отповика од местото амбасадор во ООН“, наведува Партијата на Македонците во Србија.
Во барањето се наведува дека наскоро се очекува гласање во Советот на Европа и се укажува Собранието на Македонија да разгледа и испита кој и како ќе гласа, со цел, како што се нагласува, да не се спроведувааат лични ставови кои не се ги одразуваат и не се во согласност со ставот на македонското Собрание.
Воедно партијата поставува и прашање дали му се одземени ингеренциите на поранешниот пратеник, Дарко Каевски, за кого постојат судски мерки поради кривична пријава, со цел, како што се укажува, за да не се случи повторно да гласа без констултации со надлежните институции.
За потсетување, Македонија во Обединетите нации гласаше за усвојување на резолуцијата за Сребреница. Македонија на иницијатива на министерот во заминување Бујар Османи, е еден од коспонзорите на резолуцијата. Пред две и пол недели Партијата на Македонците во Србија побара од претседателката на Македонија да ја преиначи одлуката на Османи за Сребреница.