сабота, 27 јули 2024

За резолуцијата за Сребреница Фрчковски требаше и со мене да се консултира, рече Сиљановска

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова со став дека, амбасадорот во ОН на Македонија требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

„Во меѓународната политика, има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата“, рече Сиљановска.

Таа потенцираше дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН Љубомир Фрчковски требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ