Чурлинов поради имаше сепса која настана поради компликација од заб, Македонецот прво беше хоспитализиран во Белград, па со приватен авион пратен во Барнли каде го продолжи лекувањето, имаше и мал хирушки зафат.
Маките за Чурлинов се минато, тој денеска е пуштен од болница и го почнува процесот на рехабилитација до враќање на терен.
Фудбалерот на Барнли преку социјалните мрежи се заблагодари на поддршката која ја добивал од навивачите во изминатиот период.
„Овој месец беше најтешкиот месец во мојот живот, со ваша поддршка и гледајќи ги сите пораки во овие денови ми даваше сила да се борам и повторно да застанам на нозе. Денеска сум пуштен од болница. Сакам да се заблагодарам на секој од вас за помошта која ми ја дадовте да ја добијам оваа битка која не беше лесна. Сега е време да се опоравам и да го дадам најдоброто за да се вратам колку што е можно побрзо на теренот, играјќи ја оваа прекрасна игра. Уште еднаш благодарност за сите, ги прочитав сите пораки и многу сум благодаран за вашата поддршка“, напиша Чурлинов на социјалните мрежи.