Македонија го одигра најлошиот меч во својата историја, примивме седум гола, не ни шутнавме кон Пикфорд, имавме само три напади за 90 минути. Јавноста беше гневна на тоа што го виде, негативни коментари доаѓаа од сите страни, но тоа не само што не допре до некои луѓе кои го водат фудбалот, туку тие покажаа дрскост да се пофалат колку убаво си поминале на мечот.
Уринава Борче Лазаревски на социјалните мрежи постираше фотографија како ужива на Олд Трафорд заедно со Марјанчо Стојкоски и Владимир Гашевски, пијат убаво вино додека македонските фудбалери испишуваат негативна историја.