петок, 29 ноември 2024

Четворица мигранти се удавија додека се обидуваа да го преминат Ла Манш во Велика Британија

Четворица мигранти се удавиле синоќа во близина на Булоњ-сур-Мер на северот на Франција додека се обидувале да го преминат каналот Ла Манш, соопштија француските власти, пренесува Би-би-си.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Останатите мигранти кои биле на илегален чамец и паднале во вода се спасени, соопшти одделот за поморска полиција.

Патролниот брод на националната морнарица Корморан добил повик за помош во текот на ноќта, интервенирал и ги извлекол мигрантите од морето, соопшти полицијата, додавајќи дека четири лица се прогласени за мртви.

Со ова бројот на луѓе кои загинаа при обидот да преминат од Франција во Велика Британија оваа година се зголеми на 19 лица.

Според официјалните податоци од Лондон, објавени во средината на јуни, повеќе од 12.300 луѓе илегално стигнале до англиското крајбрежје оваа година, главно од Франција.

Темата за миграцијата беше една од главните на британските парламентарни избори на кои победија лабуристите.

Ова е зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година, и покрај заострувањето на мигрантската политика што ја спроведуваат британските конзервативни влади во последните години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ