вторник, 19 ноември 2024

Бугарска фондација ќе отвори 5 портали во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Донациите се од активисти граѓани на Бугарија. Немаме некој голем инвеститор кој вложува сам во овој медиуми проект. Како активност во организација, ова е наша посебна работа да развиваме македонски медиуми во кои ќе работат македонски новинари кои ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи како што сум забележал дека има такви објективни кои не заземаат ниту една страна. Имаме два медиуми во моментов, подготвуваме уште три и сите тие ќе бидат онлајн“, истакна Стојанов за А1он.мк.

Организацијата планира да отвори и ТВ-студио во кое ќе се снимаат видеа, подкасти и интервјуа кои ќе се емитуваат само на интернет платформите. Планирани се и портали за здрава храна и за спорт.

„Фондација Македонија“ минатата недела објави дека ќе инвестира од 15.000 до 120.000 евра во еден фудбалски клуб од Втората или Третата македонска лига, во зависност од тоа со кој од нив ќе ги финализираат преговорите, откако пропадна обидот да влезат во најтрофејниот клуб Вардар за кого беа подготвени да издвојат 800.000 евра.

Бугарскиот новинар Атанас Величков, кој веќе 16 години живее во Македонија, за бугарскиот весник „Труд“ изјави дека неговиот портал Трибуна.мк е финансиран од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ