четврток, 28 ноември 2024

Буенос Аирес: Десетици повредени на протестите (ВИДЕО)

Десетици луѓе се повредени во Буенос Аирес во судирите меѓу полицијата и демонстрантите против економските реформи на претседателот Хавиер Милеј.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Федералната полиција употребила гумени куршуми, солзавец и физичка сила, пренесува аргентинската агенција Пагина 12.

Најмалку 60 демонстранти се повредени, еден од нив, адвокат за човекови права, би можел да го загуби окото, според агенцијата.

Долниот дом на аргентинскиот парламент во петокот, по неколкудневна дебата, го усвои предлогот за реформи на претседателот Хавиер Милеј.

За усвојување на реформскиот пакет мерки гласале 144 пратеници, а против биле 109. Потребно е пакетот реформи да биде ратификуван во Сенатот на Аргентина каде поединечно ќе се гласа за секоја од точките од пакетот.

Доколку бидат ратификувани од Сенатот, реформите ќе овозможат отпуштања без објаснување и драстично намалени отпремнини, укинување на задолжителната плата за прекувремена работа и парични казни за компаниите што не плаќаат придонеси, наведува Ројтерс.

Милеј се стреми да има ограничени права на штрајк и породилно отсуство, па според новите правила, бремените жени би можеле да отсуствуваат од работа само 10 дена пред породувањето, наместо 45, како што предвидува сегашниот закон. Реформите би ја ограничиле работата на синдикатите, а прекинот на работата во таканаречените клучни индустрии, како што се здравството, енергетиката и телекомуникациите, би бил незаконски доколку не се обезбедат минимум 75 отсто од производството или услугите.

Помалку суштинските индустрии како што се, меѓу другото, радиото, телевизијата, банкарството и финансиите, каде што мора да се исполни 50 отсто од обемот на работа за прекинот на работа да се смета за легален.

Милеј тврди дека клучните реформи се насочени кон намалување на трошоците и зголемување на државните приходи за да се помогне во исполнувањето на овогодинешната главна цел – нула дефицит, бидејќи намерата на Владата е да ги намали високите долгови и инфлацијата која надминува 200 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ