вторник, 26 ноември 2024

Брнабиќ: Србија е вистински пријател на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Кримската платформа е меѓународна дипломатска иницијатива за консултации и координација, формирана на покана на Украина, и ги обединува украинските владини претставници и меѓународните експерти чиј фокус се „критериумите за реинтеграција на Крим“, откако Москва го анектираше украинскиот полуостров во 2014 година.

Брнабиќ истакна дека Србија жали за страдањата што ги претрпе Украина и нејзиниот народ, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Ние ќе продолжиме да посветуваме посебно внимание на хуманитарната ситуација во Украина и ќе и пружаме помош, за што сведочи нашата одлука да донираме стоки и лекови за да го олесниме хуманитарното страдање“, рече Брнабиќ.

Србија е „вистински пријател“ на Украина, додаде таа. Брнабиќ ја истакна подготвеноста на Србија да учествува во повоената обнова на Украина и да ја поддржи нејзината европска интеграција преку пренесување на своите искуства.

Учеството на премиерката на Самитот на Кримската платформа уследи по средбата оваа недела меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и српскиот претседател Александар Вучиќ на регионален состанок во Атина.

Вучиќ, оценувајќи го разговорот како „искрен, отворен, пријателски и конструктивен“, истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина и е убеден дека нема да има промена во ставот на Украина во однос на територијалниот интегритет на Косово, чија независност Украина не ја призна.

„Украина исто така сака да има правно чиста ситуација“, изјави Вучиќ за новинарите во Атина по средбата со Зеленски.

Србија потпиша декларации на ОН со кои се осудува руската инвазија во таа земја, но одбива да се приклучи на меѓународните санкции против Русија.

Брнабиќ во април годинава на панелот на конференцијата на Блумберг во Даблин истакна дека Србија не е неутрална во однос на војната во Украина и дека јасно ја осудува руската инвазија.

Таа додаде дека „луѓето во Србија се лути“ поради тоа што истиот принцип на почитување на територијалниот интегритет и суверенитет во меѓународната заедница не се применува кога е во прашање Косово, кое Србија, според одредбите на националниот устав, го смета за своја територија и не ја признава неговата независност која еднострано беше прогласена од Приштина во 2008 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ