вторник, 26 ноември 2024

Британското разузнавање предупредува: Припадниците на групата Вагнер веќе се во Полска

Објавено на

часот

Сподели

10.000 војници беа испратени на границата еден ден претходно додека Варшава се подготвуваше за потенцијален напад.

Британското Министерство за разузнавање истакна дека „мал број советници на групата Вагнер дејствуваат во улога на инструктори“ во Белорусија во услови на ескалација на тензиите околу полскиот воздушен простор и илегалните гранични премини од страна на борците на групата Вагнер, кои влегуваа во Полска преку јазот Сувалки, во близина на Балтичкото Море и стратешката енклава Калининград во најзападниот дел на Русија.

Набљудуваните воени вежби досега не претставуваа закана и беа „многу веројатно дел од рутинскиот циклус на обуката на белоруската армија“, се вели во последниот извештај на Министерството.

Сепак, полскиот премиер Матеуш Моравјецки во четвртокот изрази загриженост поради напредувањето на трупите на Вагнер кон пограничниот град Гродно, опишувајќи ја ситуацијата како сè поопасна и предупредувајќи дека платениците може да се инфилтрираат во Полска претставувајќи се како мигранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ