Новиот британски премиер по едночасовниот разговор во Белата куќа со Бајден за Би-би-си истакна дека американскиот претседател е во „навистина добра форма“.
Бајден е под огромен притисок да се повлече од изборната кампања за ноемвриските избори, особено по телевизиската дебата со противкандидатот Доналд Трамп, кој води во анкетите.
Сè поголем број демократски претставници, вклучувајќи го и актерот и еден од најголемите донатори на партијата, Џорџ Клуни, јасно кажаа дека Бајден треба да се повлече од трката.
Разговаравме за многу теми, што беше важно за мене, бидејќи тоа беше мојата прва можност за ваква билатерална средба, и тој покажа неверојатно лидерство, изјави Стармер.
Претседателот Бајден беше во добра форма, потоа отидовме на вечера заедно, чиј домаќин беше тој. Стармер пренесе дел од деталите од средбата одржана во средата во Вашингтон, во рамките на самитот на НАТО.