вторник, 26 ноември 2024

Британската армија известува за експлозија на брегот на Јемен

Објавено на

часот

Сподели

Ова го соопшти денеска британската армија.

Службата за поморски трговски операции на британската армија (УКМТО) издаде кратко предупредување дека инцидентот се случил во теснецот Баб ел-Мандеб што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров, наведувајќи дека во таа област била забележана и активност на беспилотни летала, пренесува АП.

Во соопштението за печатот на УКМТО, се наведува дека Баб ел-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, дека областа има серија напади во последниве недели кои им се припишуваат на јеменските про-ирански бунтовници Хути, кои исто така лансираа ракети и беспилотни летала кон Израел поради војната против Хамас во Појасот Газа.

Хутите сè уште не потврдиле дека инцидентот се случил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ