сабота, 30 ноември 2024

Британија направи клучен чекор кон легализација на еутаназијата

Британскиот парламент денес изгласа закон за легализација на помогнатото самоубиство, со што е отворен патот за понатамошна расправа на темата која ја подели земјата и ги доведе во прашање стандардите на палијативната нега.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По жестоката расправа во долниот дом на британскиот парламент, 330 пратеници гласаа за, а против беа 275.

Според законот, на лица во Англија и Велс, за кои лекарите процениле дека им преостанале шест месеци или помалку живот, ќе им биде дозволено да го прекинат својот живот со медицинска помош.

Заговорниците на законот тврдат дека станува збор за скратување на животот на терминално болните лица, на кои на тој начин им се дава поголема контрола.

Но, противниците велат дека ранливите болни лица би можеле да ги прекинат своите животи од страв дека ќе им станат товар на своите семејства и општеството, а не за сопствена добросостојба.

Иницијалното одобрување на законот во парламентот е почеток на повеќемесечна расправа, а самиот текст би можел да се смени додека од долниот се движи кон горниот дом на парламентот.

Се очекува постапката да трае дополнителни шест месеци.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека повеќето Британци го поддржуваат помогнатото самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ