вторник, 26 ноември 2024

БРИКС постигна договор за проширување: Повеќе од 40 земји сакаат да се приклучат на групата

Објавено на

часот

Сподели

Договорот за проширување го отвора патот за десетици заинтересирани земји-кандидати да ги претстават своите аргументи за приклучување кон групацијата, која вети дека ќе стане шампион на развојот на „Глобалниот југ“.

Проширувањето на БРИКС беше на врвот на агендата на самитот што се одржува во Јоханесбург, комерцијалната престолнина на Јужна Африка. Иако сите членки на БРИКС јавно ја изразија својата поддршка за растот на блокот, меѓу лидерите имаше поделеност околу тоа колку нови членки треба да бидат примени и колку брзо.

„Се договоривме околу прашањето за проширување. Имаме документ што го усвоивме со кој се поставуваат насоки и принципи, процеси за разгледување на земјите кои сакаат да станат членки на БРИКС… Ова е многу позитивно“, рече Наледи Пандор на радиото Убунту, станица управувана од Министерството за надворешни работи на Јужна Африка.

Пандор рече дека водачите на блокот ќе дадат подетално соопштение за проширувањето пред да заврши самитот во четврток.

Повеќе од 40 земји изразија интерес за приклучување кон БРИКС, велат јужноафриканските власти, а 22 – меѓу нив Иран, Венецуела и Алжир – официјално побарале прием, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ