вторник, 26 ноември 2024

Бразилец кој порано играл за Фенербахче е нов тренер на Гостивар

Македонскиот прволигаш Гостивар, доцна синоќа соопшти дека 43-годишнио Бразилец, Марсио Нобре е нивниот нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Нобре доаѓа на местото од Муарем Муарем кој претходно го напушти кормилото на тимот.

Тој пристигнува од Турција каде што претходно работеше во Чорум, но беше и дел од уште неколку турски екипи во изминативе години.

Како фудбалер тој настапуваше за Фенербахче и Бешикташ, но и за бразилските Крузеиро и Парана, јапонската Кашива Рејсон и Вил од Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ