Еурофарм Пелистер е актуелен шампион на Македонија, но оваа сезона покрај во Европа, не му оди ниту на домашно тло каде по осум кола е на четвртото место на табелата.
Навивачите на битолскиот тим бараа оставка од Ангеловски и ја добија, тој веќе не е тренер на Пелистер.
„Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер. Среќно понатаму Бранко, ти благодариме за се!“, информираа од клубот.