вторник, 19 ноември 2024
Реакција

Божин Павловски: Говеда од власта, зошто не избегнавте самопонижување?

Објавено на

часот

Сподели

„Чуму оваа дрска провокација: официјална замена на славната Втора македонска партизанска бригада со името на странец. Церемонија со непочитување на мнозински народ, неговиот јазик и традиции. Морале ли да ја избришат токму славната бригада што положила 300 млади животи за слободата на татковината?
Говеда од власта, зошто не мрднавте со мало прсте за да спречите дивеење на екстремен национализам? Толку ли не знаете дека национализмите се хранат еден со друг? Тоа ли ви треба на патот кон ЕУ. Арогантниот Курти ви го покажа и злосторот во Вејце каде што беа масакрирани војничиња, каде што вие не би можеле да подигнете ни скромен паметник. Резил кој со грам ум можеше и мораше да се избегне“, вели во изјавата академик Павловски.

За време на вчерашните собири по повод преименувањето на улицата Втора македонска ударна бригада во улица Адем Демачи во скопската општина Чаир и за време на престојот на Курти во Тетово никаде немаше македонско знаме, никаде немаше превод на македонски јазик, а беше развиорено и знаме со картата на голема Албанија. Курти на македонските власти им порача да бидат поблиски со Бугарија и Косово, но не и со Србија. На овие настани реагираше ВМРО-ДПМНЕ, но не и СДСМ.

                                                                                                                                                                  А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ