Атланта имаше предност само во текот на првата четвртина, но на крајот и таа ја доби Бостон со 28-25. Селтикс потоа ја зголемија предноста и го контролираа резултатот до самиот крај, конечниот резултат беше 119-106.
Тејтум со 29 поени и 10 скокови беше најдобриот кај Бостон, Вајт постигна 26. Најефикасен кај Атланта беше Мареј со 29 поени.
Кливленд го доби вториот меч со Њујорк и израмни на 1-1 во серијата. За разлика од првиот пат, сега делуваа многу подобро, клучна беше втората четвртина која ја добија со 34-17. Конечниот резултат беше 107-90. Гарленд со 32 поени беше најефикасен, Леверт постигна 24. Кај Њујорк, Рендл реализираше 22 поени.
И Феникс не дозволи втор пораз на свој терен. Го совлада Клиперс со 123-109 и израмни на 1-1 во серијата. Букер со 38 поени и девет асистенции беше најдобар на теренот. Кај ЛА Клиперес Ленард постигна 31 поен.
Резултати: Бостон – Атланта 119-106 (2-0), Кливленд – Њујорк 107-90 (1-1), Феникс – ЛА Клиперс 123-109 (1-1)