петок, 1 ноември 2024

Бојмацалиев: Секој момент ќе пристигнат 85 илјади обрасци за пасоши

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши. Според Бојамацалиев системот за издавање патни исправи функционира нормално и вели граѓаните да не подлегнуваат на пропагандата дека може да се укине Преспанскиот договор.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што е информирана македонската јавност, стигнаа 50 илјади, па 20 илјади обрасци пред некое време, пред една недела точно стигнаа 140 илјади обрасци и доцна вечерва или утре сабајле ќе стигаат 85 илјади обрасци. Ја заокружуваме таа бројка од 300 илјади обрасци што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие. Обрасците стигаат, граѓаните се услужени тука и во Тетово и во Скопје, се функционира како што треба, ниту има саботажа, ниту има хаос. Имаше само лажна пропаганда и собирање на политички поени дека ќе се укине Преспански договор што ги доведе граѓаните во заблуда“, изјави Бојмацалиев.

Бојамацалиев рече дека со старите пасоши нема да може да се патува бидејќи нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата.

„Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборувам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Северна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година“, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа, подвлече, ќе биде можно кога ќе има нова Влада.

На новинарско прашања дали е вистина дека има државен стан и затоа се залага за закон за нивна продажба, Бојамацалиев објасни дека имал поднесено барање но никогаш не добил.

„Да, јас повикав да се гласа за таков закон, кој повеќе години е заглавен во Собранието. Јас не поседувам таков стан. Немам потпишано никаков договор, а знам тие алудираат на едно барање кое го има поставено пред две години кое Влада ми одредила, но никогаш не сум потпишал и не сум имал таков стан. Не се работи лично за мене, се работи за колегите од македонската полиција“, истакна Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски беше во работна посета на СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ