Како што рече тој, до него стигнувале пораки, а тоа го кажал и Народниот правобранител, дека човекот е фотографиран, пасошот е подготвен и е однесен во установатата каде треба да го подигне, но таму го нема.
„Значи, сега внатрешна контрола оди во одделот за персонализација каде се обработуваат пасошите и оттаму готовите документи експедицијата ги носи во управните служби. Ова појава е конкретно само за Скопје и кога граѓаните ќе отидат тој пасош да го подигнат на шалтерите им го нема. Јас тоа барам, внатрешната контрола да утврди каде е тој пасош кој е испечатен и од експедиција однесен во МТВ, зошто го нема на шалтер. Имам сознанија од вчера и се потврдени од внатрешна контрола дека се најдени пасоши кои ако требало да бидат ставени под буквата Б, се ставени под В. Тоа е еден од случаите, а натаму внатрешнна контрола ќе испитува и ќе утврди зошто готовите пасоши не им се даваат на граѓаните, која е причината и каде е грешката. Ние сме сервис на граѓаните и тоа не е политиканство, јас се борам граѓаните да бидат услужени“, рече Бојмацалиев.
На новинарско прашање дали е можно пред летната сезона Грција да дозволи влез на граѓани со пасош со старото име на државата и тоа да биде направено со листови, дополнителниот заменик министер кратко одговори дека Преспанскиот договор не предвидува таква опција и дека тоа не може да се случи.