среда, 4 декември 2024

Израел во текот на ноќта изврши најмалку десет напади врз Бејрут

Израелски воени авиони извршија најмалку десет напади врз Бејрут во текот на изминатата ноќ, соопшти утринава либанската Национална новинска агенција (ННА). Во раните утрински часови израелската војска издаде наредба за евакуација, јави Ал Џезира, додавајќи дека повеќето од 700.000 луѓе кои некогаш живееле во населбите си заминале.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во израелските напади беа погодени областите Гобеири, Ал Кафат, автопатот Сајед Хади, како и комплексот Ал Муџтаба и стариот аеродромски пат. Според извештаите на медиумите, во нападите биле урнати до темел многу згради, а на некои места избувнал и пожар.

Како што информираат од таа медиумска куќа, во јужните предградија сè уште живеат луѓе бидејќи немаат каде да одат бидејќи прифатилиштата се полни. Ова е првпат во изминатата недела да бидат погодени јужните предградија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ