среда, 11 декември 2024

Туск: Полска почна да работи на утврдување на границата со Русија

Полска почна да работи на утврдување на својата граница со Русија, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Почна изградбата на Источен штит. Првите работи на границата со Русија“, напиша Туск на платформата Икс.

Полскиот премиер објава и фотографија од багери кои копаат ров.

Кабинетот на полскиот премиер претходно објави дека владата има намера да создаде сеопфатна одбранбена инфраструктура „Источен штит“ на источното крило на НАТО за да се спротивстави на заканите од Белорусија и Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ