среда, 11 декември 2024

Повеќето Американци чувствуваат анксиозност и фрустрација пред изборите во САД

Последните резултати од анкетите на Асошиејтед прес (АП) и американскиот Центар за истражување на јавното мислење (НОРЦ) покажаа дека дури седум од десет анкетирани американски граѓани чувствуваат анксиозност или фрустрација кога станува збор за претседателските избори во Америка. Додека само една третина изјавија дека се возбудени поради претстојното гласање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Споредено со изборите одржани во претходните години, одредени групи граѓани се позагрижени од пред четири години, кога изборите се одржуваа во екот на пандемијата на корона вирусот, објави Глас на Америка. Анкетата од 2020 година покажа дека околу две третини од граѓаните тогаш биле загрижени, што е блиску до сегашните резултати.

Анксиозноста кај демократите е зголемена, со тоа што осум од десет од нив сега изразуваат вознемиреност, за разлика од околу три четвртини во 2020 година. Исто така, околу две третини од републиканците се чувствуваат загрижено, што е благ пораст во однос на претходниот изборен циклус.

Независните гласачи се помалку загрижени од демократите и републиканците, а нивната загриженост останува на ниво од околу половина, што е слично на податоците од 2020 година.

Во споредба со претходните циклуси, чувствата врзани за кампањата се поинтензивни, при што една третина од испитаниците велат дека се чувствуваат возбудено за изборите во 2024 година, во споредба со околу една четвртина од испитаниците во 2016 година.

Сепак, повеќето граѓани не се возбудени поради изборите. Освен тоа, фрустрацијата останува на високо ниво – речиси седум од десет испитаници се чувствуваат фрустрирано, што е слично на резултатот од 2020 година. Анкетата е спроведена од 24 до 29 октомври, а во неа учествувале 1.233 возрасни лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ