Како што соопшти Министерството за култура, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, под претседателство на Томислав Османли, ја донел одлуката за годинашните лауреати на кои признанието ќе им биде врачено на 8 декември напладне во Собранието на Македонија.
„ Државната награда ‘Св. Климент Охридски’ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија“, наведува Министерството за култура.