среда, 27 ноември 2024

„Бизнис клуб“, поткаст на Стопанската комора

Сузбивањето на корупцијата и сивата економија, брзата гасификација на државата, ликвидноста на стопанството, инфраструктурата и регулирањето на електронските медиуми се главни предизвици со кои се соочува стопанството последните десеттина години, заклучи денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Објавено на

часот

Сподели

По промоцијата на нов бизнис поткаст и бизнис публикациите „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“, дела на Азески и професор д-р Дарко Лазаров, истакна дека сите тие предизвици се сегментирани, разработени од страна на Комората и доставени до Владата и Собранието.

На промоцијата во Охрид присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворшени работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, како и претставници од бизнис секторот, пратеници….

„Недостасува само политичка волја за заеднички да бидат донесени, процесуирани и да се реализираат. Очекуваме новата Влада со коалициските партнери тоа да го помине во Собранието и на тој начин да му помогне на бизнисот, а бизнисот ќе биде спремен со подигање на своите активности да и помогне на државата, истакна Азески.

Тој повтори дека македонската економија во 2025 година очекува да биде добра, но оти ќе биде под силен притисок на случувањата во Европа, особено со Украина. Доколку дојде до натамошна ескалација ќе се одрази врз Германија, која е наш стратешки партнер со 80 отсто од извозот.

Во однос на новиот поткаст „Бизнис клуб“, кој има за цел да ја афирмира плејадата млади македонски бизнисмени, кои, како што истакна Азески, носат свежина во нашата еконимоја и ќе ги прифатат ризиците со кои ќе се соочува економијата во наредните 15-20 години, рече дека државата има стручен кадар, политичка волја, бизнисмени…, кои можат да ја создадат критичката маса на промени, што ќе резултира со одење напред.

„Како бизнис задница сме определени да го следиме патот на Владата, ако и понатака ги слуша нашите барања кои се во интерес на државата и слободно да ги одбива сите наши барања кои се во интерес само на бизнисот, затоа што бизнисот неможе да постои само за себе, он мора да постои за сите. На тој начин е остварена и поставена целта“, рече Азески.

За него многу е битно јавноста да биде уверена дека зад проектот постои сериозна структура и луѓе со силна воља кои сакаат да го направат тоа и на таков начин сакаат да допринесат за развојот на државата.

Продуцентот на поткастот и сопственик на продукцијата „Трето уво“ Иво Јанкоски информира дека поткастот ќе стартува утре, 28 ноември во 12 часот на јутјуб каналот на Стопанската комора. Појасни дека ќе се состои од серијал разговори од кои во првата сезона ќе има 18 гости, а за понатаму ќе одлучуваат.

„Земајќи го предвид фактот дека Азески успешно ја води Стопанската комора скоро 20 години, одлично ги познава луѓето, проблемите на економијата, подемот и развојот на македонската економија, тој беше најидеален домаќин на ваков поткаст“, истакна Јанкоски.

Тој смета дека бизнис поткастот би бил идеален за претставување на младите бизнисмени во државата.

За бизнис публикациите „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“ говореше професор д-р Дарко Лазаров, кој смета дека се клучни документи за Комората и можат да придонесат за креирање подобри економски и развојни политики во државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ