вторник, 19 ноември 2024

Битолчани жртви на финансиски измами „од далечина“

Една 60-годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Измамата е пријавена на 18.11.2024 во 13.45 часот во СВР Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, пред околу четири месеци таа на Фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата. Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра, доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 15.00 часот во СВР Битола, 36-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 1.000.000 денари.

Според пријавеното, од 03.09.2024 до пријавувањето имал комуникација со лицето преку различни телефонски броеви, при што бил упатуван во повеќе наврати да внесува парични средства во неговиот виртуелен паричник, при што во наведениот период преку една  платформа внел околу 1.000.000 денари, кои веќе ги немало на неговата сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ