Како што соопшти Министерството за Босна и Херцеговина, самото испраќање белешка на 11 јули, болен датум во историјата на Босна и Херцеговина, претставува навреда и за жртвите и нивните семејства, како и за сите граѓани на Босна и Херцеговина, пренесува Н1 Сараево.
„Политичките елити упорно продолжуваат да се залагаат за целиот српски народ во одбрана на геноцидната политика и продолжуваат да го негираат геноцидот“, објавено е на социјалната мрежа Икс на официјалниот профил на Министерството.
Беше наведено и дека „земјите членки на ОН кои го почитуваат меѓународниот поредок заснован на владеење на правото како основна вредност, почитувајќи ја Виенската конвенција за дипломатски односи и позитивните дипломатски практики, не комуницираат на начин наведен во нотата на Министерството за надворешни работи на Србија“.
Na adresu Ministarstva vanjskih poslova Bosne i Hercegovine stigla je na 11. juli. protestna nota Ministarstva vanjskih poslova Republike Srbije.
Samo slanje note na 11. juli, bolni datum u historiji Bosne i Hercegovine, predstavlja uvredu, kako za žrtve i porodice, tako i za…
— Ministry of Foreign Affairs of BiH (@mfa_bih) July 13, 2024
„Поради оваа причина, Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина одби да го прими доставениот политички памфлет полн со историски ревизионизам“, соопшти Министерството на Босна и Херцеговина.