вторник, 19 ноември 2024
Став на евроизвестувачот

Без сменет Устав и реформи нема преговори со ЕУ, а Албанија ќе ѝ избега на Македонија, смета Ќучук

Објавено на

часот

Сподели

Ќучук кој е и копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во интервју за БГНЕС подвлекува дека без промена на Уставот, Македонија не може да почне да преговара со ЕУ. Воедно, предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Македонија, додава тој, ќе остане во групата со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.

„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа, можност Украина всушност да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествените односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ за во ЕУ“, вели Ќучук, при тоа нагласувајќи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари.

Според него, во македонскиот парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество.

„Никој не поставува дополнителни услови (на Македонија). Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското Народно собрание. Отсега овие договори мора да се исполнат„, вели европратеникот Ќучук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ