понеделник, 28 октомври 2024

Беса бара МВР да отвори уште најмалку 10 пунктови за издавање лични документи

МВР не успеа да организира издавање лични документи, кои граѓаните се обврзани да ги заменат до февруари следната година, обвинија денеска од партијата Беса.

Објавено на

часот

Сподели

Иако во услови на криза, граѓаните се принудени по втор пат да плаќаат за издавање лични документи, дури и по многу повисока цена од досега, во Скопје илјадници граѓани со часови чекаат ред на студ и на дожд, велат од Беса.

„Ова докажува дека оваа држава не работи на олеснување на животот на граѓаните, туку на нивна целосна контрола и враќање во диктатура. Во овој случај двојно повеќе се дискриминирани Албанците, кои иако чекаат и до пет часа за да бидат фотографирани, кога ќе стигнат на ред, административците им велат дека во моментот нема пасоши на два јазици. Ако сакаат да извадат пасош на албански јазик, тогаш ќе треба да чекаат повеќе од еден месец. Ваквата состојба сведочи за дискриминацијата од кој било аспект што се прави и врз албанските граѓани. Но, ситуацијата уште повеќе ќе се искомплицира со доаѓањето на нашите сограѓани кои живеат надвор и сигурно ќе сакаат да извадат нови лични документи. А пред  пунктовите на МВР бројот на граѓаните ќе биде многу поголем“, реагираат од Беса.

Партијата од МВР побара полицијата да преземе конкретни чекори и да отвори најмалку 10 пунктови за вадење лични документи без рок во Скопје, да го продолжи рокот за издавање лични документи до септември 2024 година и да ги поевтини давачките за вадење лични документи, бидејќи „повторното вадење на вакви документи е наметнато со договорот со Грција, а не по вина на граѓаните“

Доколку Министерството за внатрешни работи и Владата ги игнорираат овие барања и не превземат мерки за олеснување на постапката и намалување на цените, велат од Беса, тогаш „се подразбира дека оваа власт работи само за да ги малтретира граѓаните“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ