петок, 18 октомври 2024
Серија А

Берлускони нека му ја мисли, Монца победи и против шампионот Наполи! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Контроверзниот Силвио Берлускони на крајот од минатата година вети автобус полн со проститутки доколку фудбалерите на Монца слават против некој од гигантите во Серија А, не е јасно дали тој ќе го исполни дадениот збор, но неговиот тим денеска зеде уште еден скалп и го совлада новиот шампион Наполи.

Очигледно Елмас и соиграчите во мислите веќе се на одмор, па Монца тоа го искористи и славеше со 2-0.

Дани Мота го отвори резултатот по една контра во 18. минута, а славјето го потврди Петања на стартот од вториот дел.

Нашиот Елиф Елмас беше стартер на денешниот натпревар и на теренот помина нешто над еден час.

На вториот натпервар од 15 часот во Серија А, Илија Несторовски одигра цел натпревар за Удинезе против Фиорентина, но Македонецот не можеше да му помогне на својот тим да избегне пораз од 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ