понеделник, 18 ноември 2024

Бентанкур доби 7 натпревари суспензија и огромна парична глоба за расистичките коментари кон соиграчот Сон

Фудбалерот на Тотнем, Родриго Бентанкур доби седум натпревари суспензија поради расистички коментари на адреса на соиграчот Хеунг Мин Сон, ќе треба да плати и парична глоба од 100.000 фунти.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, Родриго Бентанкур се пошегува дека сите луѓе од Јужна Кореа „си личат еден на друг“ во едно интервју, во кое водителот побара дрес од неговите соиграч Хеунг Мин Сон.

Откако видеото стана вирално на социјалните мрежи, Уругваецот се извини, но ФА покрена постапка против негов.

Процесот траеше со месеци, и попладнево Фудбалската асоцијација соопшти дека Родриго Бентанкур е казнет со 7 натпревари суспензија, а ќе треба да плати и огромна парична глоба во износ од 100.000 фунти.

Казната се однесува само за натпревари во Англија, и тој нема да биде во комбинација за пресметките во Премиерлигата против Манчестер Сити, Фулам, Борнмут, Челси, Саутемптон и Ливерпул, како и дуелот против Манчестер јунајтед во Лига Купот.

Уругваецот сепак ќе може да настапи против Рома и Ренџерс во Лига Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ