сабота, 2 ноември 2024

Белорусија го вооружува Министерството за вонредни ситуации

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Синиавски во изјава за државната телевизија рече дека сите вработени во наведеното министерство ќе бидат подготвени да им помогнат на неговите колеги министри доколку дојде до оружен конфликт или „некаков вид немири или бунт“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во почетокот на годинава изрази желба „секој човек да може да ракува со оружје“.

Иако Белорусија не испрати свои војници на бојното поле во Украина, нејзиниот претседател ѝ дозволи на Москва инвазијата во февруари минатата година да ја покрене од белоруска територија.

Оттогаш, Белорусија и Русија одржаа неколку заеднички воени вежби, додека во јуни белорускиот претседател дозволи неговата земја да служи како база за руското нуклеарно оружје, потег што го осудија многу западни лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ