Како што се додава во извештајот, лекарот на Харис констатирал дека таа е во „одлична здравствена состојба“.
Единствениот значаен третман е имунотерапија за три години за намалување на сезонските симптоми на алергија.
Медицинскиот извештај претходно го прегледал близок соработник на Камала Харис од нејзиниот изборен штаб.
Медицинскиот извештај е објавен во време кога 59-годишната Харис се натпреварува за гласови со својот 78-годишен републикански ривал Доналд Трамп.
Трамп, според Фокс њуз, не ги објавил неодамнешните резултати за неговата здравствена состојба.
„Потпретседателката Харис и понатаму е во одлична здравствена состојба“, напиша нејзиниот лекар Џошуа Р. Симонс.
Тој додаде дека Харис поседува физичка и ментална сила и издржливост потребни за успешно извршување на должностите на претседателството, кои вклучуваат служење како шеф на државата и врховен командант на војската.