четврток, 28 ноември 2024

Белата куќа го притиска Киев да ја намали старосната граница за мобилизација од 25 на 18 години

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Џо Бајден ја повика Украина побрзо да ја зголеми бројноста на својата војска со тоа што ќе ја намали границата за мобилизација, па во војска да можат да одат и 18-годишници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Висок функционер на американската влада, кој сакал да остане анонимен, кажа денес дека САД сакаат старосната граница за мобилизација да се намали од 25 на 18 години за да се пополнат украинските трупи, кои се бројно инфериорни во речиси тригодишната војна со Русија.

Од почетокот на конфликтот, Белата куќа со Бајден како претседател на САД истури повеќе од 56 милијарди долари во Украина како воена помош. Се очекува Киев да добие уште милијарди долари за таа цел пред Бајден на местото шеф на државата да го замени новоизбраниот Доналд Трамп во јануари следната година.

Како што истекува времето, Белата куќа сè поостро истакнува дека Украина го има потребното оружје, но дека сега мора драстично да ја зголеми бројноста на војската ако сака да издржи во војната со Русија.

Според неименуваниот американски функционер, Киев проценува дека се потребни најмалку уште 160.000 војници, но американската влада смета дека се потребни многу повеќе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ