вторник, 26 ноември 2024

Белата куќа го предупреди Иран за последиците доколку одговори на Израел

Белата куќа посочи дека вечерашните израелски напади врз Иран треба да стават крај на директните напади меѓу двете земји, истовремено предупредувајќи го Техеран за последиците доколку одговори.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Висок функционер на Белата куќа рече дека администрацијата верува дека израелската операција треба да ја „запре директната воена размена“ меѓу Израел и Иран, и дека другите сојузници на САД се согласуваат со тоа.

„Го повикуваме Иран да ги запре нападите врз Израел за да може оваа рунда непријателства да заврши без дополнителна ескалација“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Шон Савет, пренесува француската новинска агенција Франс прес.

„Нивниот одговор беше вежба за самоодбрана, конкретно избегнување на населени области и фокусирање исклучиво на воени цели, за разлика од нападот на Иран врз Израел, кога целта беше најнаселениот град во Израел“, додаде тој.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан биле информирани за време на нападот, изјави анонимно функционерот за новинарите.

Тој додаде дека израелската операција била „обемна, насочена и прецизна“. Официјалниот претставник нагласи дека САД не биле вклучени во нападот.

Израел нападна воени цели во Иран во текот на ноќта како одговор на ракетните напади на Техеран на почетокот на месецов.

Иран соопшти дека неговиот систем за противвоздушна одбрана „успешно се спротивставил на израелските напади врз воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам со ограничена штета на некои локации“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ