среда, 20 ноември 2024

Бектеши не е вратен од САД па Владата го задолжи на идната седница да информира за рударските концесии

Објавено на

часот

Сподели

„Владата на денешната седница го задолжи министерот за економија, на првата наредна седница на Владата на Република Северна Македонија, да ја информира Владата за сите управни и судски постапки (одлуки, заклучоци и информации) поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, Општина Босилово, почнувајќи од првата одлука до денес. Одлучено е, по информацијата до Владата, Министерството за економија да ги сподели сите информации во неа и со новинарите и јавноста“, се вели во владиното соопштение.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи на заедничката прес-конференција со синдикатите, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Министерството за економија на првата наредна седница, односно наредниот вторник. треба да ја информира Владата за сите управни и судски постапки, одлуки, заклучоци и информации за локалитетот Иловица, наназад од 2012 година па до денеска.

„Се што е поврзано со експлоатацијата на минералните суровини, руди на бакар и злато на локалитетот Иловица штом Министерството реферира со сите податоци, велам уште еднаш управни и судски постапки кои се водени, тие веднаш ќе се споделат, не само со владата туку и понатаму со медиуимте и граѓаните“, истакна Битиќи.

Инаку, во саботата во Струмица се одржа протест на граѓани и невладини организации од кој беше испратена пораката дека нема да се дозволи отворање на рудници, а на протестот беа присутни и министерките за животна средина и за труд и социјална политика кои истакнаа дека и самите се против отворање на рудници. Потоа премиерот Димитар Ковачевски од Скопје порача дека концесиите биле дадени уште во времето на Владата на Никола Груевски и дека СДСМ во принцип е против отворање на тие рудници, а дека при носењето на одлуката ќе го имаат предвид ставот на граѓаните.

Од компанијата Еуромакс рисорсис порачаа дека поради протестот и евентуална за нив неповолна одлука на Владата, Македонија може преку арбитражна судска меѓународна одлука да загуби една милијарда евра како отштета за компанијата.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ