вторник, 26 ноември 2024

Бегал од полиција и од возило исфрлил автоматска пушка

На 06.11.2024 во 23.50 часот кај место викано Здуњска крстосница, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Л.Ј.(20) од Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, тој во неколку наврати не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а пред влезот на Гостивар од возилото „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми, која била пронајдена и одземена. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 396 од Кривичниот законик.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ