недела, 20 октомври 2024
Соседите претходно се пријавувале во полиција од каде биле опоменати

Банална расправија за тропање причина за убиството и самоубиството во Демир Капија?

Објавено на

часот

Сподели

„Последното пријавување за тропање е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Тие имале нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти и без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака во смисла на тоа дека треба да се смират. Бил извршен разговор со него и тепачки никогаш немале“, појаснуваат од МВР. 

Претходно МВР излезе официјално со информации за овој настан. 

„Денеска  во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопштија од МВР. 

ОЈО Кавадарци врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ